Добредојдовте во

Вдоми Маче

Голем избор на спасени мачиња спремни да си го најдат својот дом и семејство.
Дознај повеќе

Секое маче заслужува топол дом исполнет со многу љубов и грижа.

Здраво, јас сум Ана. Спасувам и помагам на бездомните мачки во Македонија повеќе од 5 години. Мојата животна мисија е да им дадам шанса на бездомните и напуштените мачки и мачиња во Македонија да имаат достоинствен живот. Ова го правам со хранење на мачињата во моето соседство и пошироко, стерилизирање/кастрирање за да не се тепаат и размножуваат, медицинска помош, згрижување на питоми мачки и мачиња кај мене или фостери и во пансиони, и вдомување тука и во странство.

Мачињата чии профили може да ги разгледате подолу се спасени од мене и други активисти. Бројот и лицето за контакт се запишани во секој профил.

Мачки, мачори, и мачиња кои бараат дом

Запознајте ги мачките и мачињата кои чекаат да бидат вдомени. Разгледајте ги нивните профили за да го најдете совршеното маче за вас.

СИТЕ МАЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
СИТЕ МАЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ

Процесот на вдомување маче е следен:

  • 1

    Разгледајте ги профилите на мачињата кои чекаат да бидат вдомени.

  • 2

    Најдовте маче кое ви се допаѓа? Одлично, јавете се на бројот што е напишан на профилот на мачето за да се информираме за вас и вашиот дом.

  • 3

    Следно, закажуваме средба за проверка на домот или ни праќате слики. Ова го правиме за да се осигураме дека домот е прикладен за мачето. Ако сте во стан, идеално би било терасата да е преградена со мрежа. Ако имате двор, треба да е убаво ограден за мачето да не може лесно да излезе.

  • 4

    Се договараме дали вие да го земете мачето или ние да ви го донесеме.

  • 5

    Остануваме во контакт после вдомувањето. Ни праќате слики/видеа првиот месец и тука сме за било каков совет.